www.cf.mk

СООПШТЕНИЕ

Годишното собрание на Здружението за ЦФ ќе се одржи на 16/април/2016г. во 11:00 часот, во салата за конференции при Детската Клиника Козле.

Во рамките на настанот предвидена е кратка прошетка и разглед нa објектот, со посебен осврт на собите за хоспитализација, но и на придружните помошни простории (сала за физикална терапија, кујна, сала за телеконференции и сл.) кои ќе им бидат на располагање на болните со ЦФ, во новиот објект. 
Сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со тимот на лекари кој ќе ги води болните, кои ќе одлучат своето лекување да го продолжат во овој Центар за ЦФ!

Потребно е интегрално решение за болните со ЦФ: Соодветен болнички престој, интердисциплинирен тим, соодветна медикаментозна терапија и обезбедени помагала за физикална и инхалациона терапија со Програмите за ранливите групи при здравствените институции во земјава!
Се надеваме дека Проектот на Владата ќе ги опфати сите аспекти на една од најранливите и најнеопфатени категории на болни кај нас, ако како ултимативен показател се земе должина на преживување на болните кај нас во однос на другите ранливи категории на болни, па и тие со други ретки болести.

 

"Истакна дека инциденцата е 7 до 10 новозаболени секоја година.

- Она што за нас сега е многу значајно е тоа што болните од цистична фиброза ќе имаат многу добри услови за лекување и третман со што очекуваме да се унапреди третманот во оваа област, додаде Тодоров.

Директорот на Детската болница-Козле, Оливер Зафировски рече дека новиот центар има капацитет да ги згрижи сите болни од цистична фиброза во Република Македонија."

Повеќе на следниот линк http://vlada.mk/node/11935

Почитувани членови на Здружението,

Ве покануваме на состанок на Здружението на ден 19/03/2016 год. во 11:00 часот, со цел размена на информации во врска со најновите настани поврзани со ЦФ. 
Состанокот ќе се одржи во просториите на Центарот за дизајн и иновации, Јавна Соба - ул. 50 Дивизија 22, Скопје.
(Просториите се во непосредна близина на излезот од Клинички Центар, во правец кон Виталија, односно МВР)

Дневен ред:

1. Новини во третманот на ЦФ
2. Разно


На состанокот ќе присуствува и директорот на Детската болница - Козле, проф.др. Оливер Зафировски, кого може да го прашате за сите новини поврзани со ЦФ.

Со почит,
Снежана Бојчин, претседател.


Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил