www.cf.mk

Почитувани,
На 9 и 10 април 2016 година во Скопје ќе биде одржан
СИМПОЗИУМ ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА.
Како гости предавачи поканети се повеќе профили на доктори за третман на цистична фиброза (пулмолози за возрасни и деца со цистична фиброза, генетичари, гастроентерохепатолози, физиотерапевти...),кои се меѓу најдобрите во Европа и Америка.
Исто така поканети се гости претставници од EurordisCF EuropeECFS(European Cystic Fibrosis Society).
Во склоп на симпозиумот e во план да се одржат работилници за професионалните работници за цистична фиброза.

Попрецизни информации во врска со симпозиумот ќе бидат објавени наскоро.

Informacion – Simpozium për FIBROZËN CISTIKE
Të nderuar,
Me 9 dhe 10 prill 2016 në Shkup do të mbahet
SIMPOZIUM PËR FIBROZËN CISTIKE.
Si mysafirë ligjerues janë të ftuar më shumë profile të mjekëve për trajtim të Fibrozës Cistike (pulmolog për fëmijë të rritur me Fibrozë Cistike,
gjenetistë. Gastroenterohepatologjistë, fizioterapistë..), të cilët janë ndërmjet më të mirët në Europë dhe SHBA.
Poashtu janë të ftuar edhe përfaqësues të EURODIS, CF EUROPE, ECFS (European Cystic Fibrosis Society).
Në kuadër të simpoziumit është planifikuar të mbahen trajnime për puntorët profesional për fibrozën cistike.

Informata më precize në lidhje me simpoziumin do të publikohen së shpejti.

Sumposium on Cystic Fibrosis
Respected,
On 9th and 10th of April 2016 in Skopje will be organized a Symposium on Cystic Fibrosis.
Different profiles of doctorsare invited as a guest speakers, doctors in the field of threatment CF ( lung specialista for adults and kids, genetics, gastroenterologists, physiotherapists..) who are amongst the best in Europe and United States.
Also, we invited representatives from Eurordis, CF Europe, ECFS( European Cystic Fibrosis Society).
We plan to organize workshops for the professional workers related for better treatment of CF.
More information on the symposium will be published soon.

 
Драги наши членови, пријатели, добронамерници и поддржувачи,
Ви ја честитаме новата 2016-та година и Ви посакуваме многу здравје, љубов, среќа, успеси и весели моменти!


Почитувани членови на Здружението за ЦФ,
Во сабота на 21.11.2015 година во 11:00 часот, во Меморијалниот Центар "Никола Кљусев" (веднаш до главниот влез на Дом на АРМ)  ќе го обележиме Европскиот ден на цистична фиброза.
Притоа, ќе бидат поделени благодарници на сите наши пријатели кои во изминатите години беа со нас во најтешките моменти.
Благодарение пак, на иницијативата и хуманиот гест на Агенцијата за пошти која за потребите на Здружението за Цистична Фиброза организираше хуманитарна донаторска аукција на уметнички и литературни дела каде беа собрани финансиски средства во висина од околу 90.000 денари, успеавме да набавиме спирометар за употреба при амбулантски прегледи на болните со ЦФ.
Во рамките на активностите на Здружението за ЦФ обезбедена е донација и на флатери и појаси за физикална терапија кои ќе бидат распределени на членовите на Здружението за ЦФ.
Во моментов како Здружение лобираме и за набавка на неколку инхалатори кои по претходно утврдени критериуми, ќе бидат распределени на членовите на Здружението кои имаат потреба од нив.
Ја користиме оваа прилика и да ги поканиме сите пациенти со ЦФ и/или нивни родители да станат рамноправни членови на Здружението за ЦФ со пополнување на Пристапници
Ви благодариме на интересот и поддршката,
Здружение за Цистична Фиброза

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил