www.cf.mk

Информација САМО за членовите на Здружението за ЦФ!

АНКЕТЕНИОТ ЛИСТ ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА е веќе испратен до членовите на Здружението за Цистична Фиброза. 

Во писмото има и плик и марка за враќање на пополнетиот образец до Здружението за ЦФ.
Во интерес на намалување на трошоците за поштарина Ве молиме пропратното писмо што ќе го добието заедно со Анкетниот лист, да го задржите за Вас и да не го враќате во пликот со одговорениот прашалник. 
Неговата намена е  да Ве информира за тоа колку е голема важноста од тоа Здружението да ги има бараните податоци. Исто така и да Ве информира каде и во каква форма
ќе бидат употребени добиените податоци од Вас.

Ви благодариме на интересот,
Здружение за Цистична Фиброза
Почитувани членови на Здружението за ЦФ и семејства со ЦФ

И оваа година Здружението за ЦФ ќе им излезе во пресрет на членовите и семејствата на децата со ЦФ и во соработка со Министерството за здравство ќе организира бесплатна вакцинација со вакцина за сезонски грип на сите заинтересирани пациенти со ЦФ, во најблискиот центар за вакцинација.
Со цел успешна и навремена организација и реализација на овој Проект, ги молиме сите заинтересирани да се пријават на следниот линк Форма за пријавувавње за бесплата вакцина.
Бесплатни вакцини ќе бидат обезбедени само врз основа на бројот на пријавени пациенти со ЦФ.

Формата ќе биде отворена до 30 септември 2015 година.

Се најдобро,
Здружение за Цистична Фиброза

Прв интернационален фестивал на цртежи за пациенти од педијатрија
Октомври 8 2015 (Техран, Иран)
Сите деца и млади со годишна возраст до 18 години, кои биле хоспитализирани во болница во одреден период од нивниот живот се поканети на овој фестивал.

Инструкции: цртање (сликање) на страна А4 формат (297 мм х 210 мм) препорачливо хоризонтално
Тема: Здравје
Потребни информации: Име и презиме, Возраст (датум на раѓање), град (држава), телефон (емаил), поштенски адреса, има на болеста, име на болницата.
Последен рок за пријавување: 24 Август 2015
1- Оригиналната слика треба да биде испратена до: Д-р Нима Резаеи, Педијатриски медицински центар, Gharib St, Keshavarz Blvd, Tehran 14194, IRAN
2- Скенирана копија од сликата (со резолуција од не повеќе од 300 dpi) треба да биде испратена на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Здружението за ЦФ ги поканува сите родители (пациенти) со ЦФ кои во изминатиов период (или во моментов) се соочувале со недостиг на лекови и/или други проблеми да ги споделат со нас преку електронска порака на е-маил:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и/или на ФБ страната на Здружението (https://www.facebook.com/cisticna.fibroza).

Само така пошироката јавност ќе биде запознаена со тоа колку е тешка и неизвесна здравствената состојба на болните со ЦФ поради недоволната покриеност со медикаментозна терапија (немање пристап кон соодветна медикаментозна терапија и нередовна регулирана терапија), како и сосема несоодветните услови за болничко лекување на овие болни.

Подготвуваме и Прашалник за да го олесниме процесот на споделување на информации меѓу нас и за пред здравствените и други институции во Македонија. 

Податоците ќе бидат презентирани анонимно (како статистички значајни податоци), без имиња и презимиња на оние кои ги дале.

Здружението гарантира за зачувувањето на личните податоци.

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил