www.cf.mk

Рецепти

Леб од пченични никулци и тиквички

Загрејте ја рерната на 180 степени

1 1/2 чаша шеќер

2 чаши се наменско брашно

1 чаша пченични никулци

1 кафена лажичка сода за печење т.е. сода бикарбона

1/2 кафена лажичка прашок за пециво

1/2 чаша сецкани ореви/лешници

1 чаша сос од јаболки

2 супени лажици Канола масло или некое друго масло

3 големи јајца

2 чаши рендана или ситно сецкана (со сецко) тиквичка

2 кафени лажички ванила

Измешајте ги заедно шеќерот, брашното, никулците, содата за печење, прашокот за печење и оревите/лешниците во средно голем сад и тргнете го настрана. Во голем сад измешајте ги сосот од јаболка, маслото, јајцата, тиквичките и ванилата. Додадете ги сувите состојки и измешајте ги добро заедно за да добиете изедначена смеса.

Во тава која ќе ја намрсите со масло и посолите со брашно, ќе го поделете тестото на 2. Се пече околу 45 минути на температура од 180 степени.

Се добиваат две векни леб, секоја од нив отприлика треба да даде 12 парчиња.

1 парче = 1 единица

 

*Нутрициона вредност*

Калории..............................148

Протеини............................4 гр

Витамин Ц..........................2 мгр

Витамин А..........................16 (ретинол еквиваленти)

Бета Каротен......................16 микрогр

Витамин Е..........................1.3 мгр

Калциум..............................16 мгр

Натриум..............................73 мгр

Калиум................................110 мгр

 

Smoothie

1 чаша 100% овошен сок

1/2 чаша јогурт од ванила

1/2 чаша јагоди

1 помала пожолтена банана (посозреана, која е многу поздрава од зелената банана)

Се ова се блендира. 2 единици

1 чаша = 1 единица

 

Нутрициона вредност

Калории............................157

Протеини..........................4 гр

Витамин Ц.......................89 мгр

Витамин А.......................49 ретинол еквиваленти

Бета Каротен...................62 микрогр

Витамин Е.......................0.5 гр

Калциум..........................97мгр

Натриум..........................30 мгр

Калиум............................609 мгр 

 

Инстант шејк за појадок 

1 чаша млеко

1 пакување инстант појадок од јагода (или како замена кај нас, малите пакувања за шејк на Dr. Ötker, или пак други мали пакувања со или без мусли)

1/2 чаша јагоди (свежи или замрзнати)

1/2 зрела банана 

Се ова се блендира. 2 единици за служење.

1 чаша = 1единица

 

Нутрициона вредност

Калории........................176

Протеини......................7 гр

Витамин Ц....................37 мгр

Витамин А....................291 ретинол еквиваленти

Бета Каротен................16 микрогр

Витамин Е....................2.7 мгр

Калциум.......................270 мгр

Натриум.......................129 мгр

Калиум.........................460 мгр

 

*Напомена: 1 чаша е отприлика некоја мерка која е еднаква на 200 грама шеќер или 250 грама сол..

 

 

11 Февруари 2013 Објавено во Tретман Прочитано 1727 пати
Во оваа категорија: « Дневен распоред

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил