www.cf.mk

Лекување на цистична фиброза

Цистичната фиброза е хронична болест која детето ќе ја има и понатаму во животот. Бара да биде исправно лекувана затоа што детето може да преживее, да има живот што е можно поблизок до нормалниот.

 

 

Лекувањето на ЦФ има потреба од следните терапии:

  • Градна физиотерапија – Физиотерапија правилно спроведувана во животот на пациентот.
  • Физиотерапијата (физикална терапија) ќе биде одредена од вашиот лекар и содржи серија од постапки и/или вежби. Таа се користи за да ги исчисти воздушните патишта кои се полни со леплив секрет и треба да започне со поставувањето на дијагнозата.

Во основа важно е да се има физиотерапевтска сесија

  • наутро, што побрзо по станувањето или пред појадокот
  • по училиште или пред спиење

Физиотерапевтската рутина се менува во согласност со вашиот лекар или советот на физиотерапевтот. Постигнувањето за потрошеното време ќе зависи од состојбата на белите дробови на вашето дете.

  • Важно е да ги следите упатствата на вашиот лекар или физиотерапевтот што е можно поблиску.
  • Ако не можете да ја совладате техниката, не се плашете да го прашате вашиот лекар или физиотерапевт да ви покаже повторно.
  • Важно е физиотерапија та да биде дел од дневната рутина на вашето дете и може да биде забава со претворање во игра.

За децата често физиотерапијата е непријатна и може да бараат различни причини за да ја избегнат. Вие треба да сте цврсти на почетокот и да не му дозволувате на вашето дете да ја коментира и управува со вас.

Тоа може да се случи на почетокот кога ќе започна со третман а вашето дете е многу нежно и слабо. Вие може да го сожалувате и сакате да сочувствувате со неговите желби. Физиотерапијата е тешка бидејќи се бара дисциплина од вас и од вашето дете.
Запаметете, третманот е во интерес на вашето дете, затоа не го напуштајте без добра причина, бидејќи тоа може да стане навика.

КАШЛАЊЕ

Кашлањето кај ЦФ е добро бидејќи помага да се исчистат белите дробови.

Вие мора да го охрабрите вашето дете да кашла од најрана возраст "да ја исчисти слузта". Во училиште или во присуство на непознати, вашето дете може да се чувствува збунето и да сака да го прекине кашлањето. Тоа само ќе предизвика повеќе слуз да биде задржана, зголемувајќи ја можноста од инфекција.
Никогаш не дозволувајте вашето дете да се чувствува засрамено од кашлањето во текот на физиотерапијата и во текот на денот. Кашлањето кај здраво дете може да биде знак на настинка, но кај вашето дете тоа е основно за чистење на градите.

СПОРТ

Спортот и физичките вежби се многу важни

Да се започна само со физиотерапија е можно. Меѓутоа ако вашето дете сака и е во состојба, спортот ќе му помогне да се ослободи од слузта. Со редовна вежба детето станува физички појако и ќе биде способно да диши подобро. Добро е да се охрабри за малку вежбање но не го присилувајте на тоа.

Никогаш не го спречувајте вашето дете од физички вежби, тоа може многу да му помогне.

Кој спорт е најдобар за вашето дете?

Тоа зависи од вашето дете и од неговиот интерес. Секој спорт е добар со тоа што вашето дете ќе ужива во него. Се препорачува активен спорт со кој детето ќе се движи околу, ќе ги користи рацете и ќе диши длабоко. Фудбал, одбојка, пливање и трчање се добри промери.

АНТИБИОТИЦИ

Антибиотиците се многу важни лекови кои ги чуваат децата со ЦФ во добра состојба.

Антибиотиците ги убиваат микроорганизмите кои влегуваат во градниот кош на детето и помагаат да се продолжи животот на децата со ЦФ насекаде во светот.

Понекогаш вашето дете ќе зема антибиотици често и во подолг период. Тие често може да се проголтаат, но ако се препорачани појаки антибиотици тие ќе треба да бидат директно дадени во вена (интравенски). Во таков случај детето ќе остане во болница. Во некои земји се започнува со користење на антибиотици кои се вдишуваат.

Понекогаш родителите се загрижени бидејќи мислат дека многу јаки антибиотици може да му наштетат на здравјето на нивното дете. Тоа не е така. Многу студии покажаа дека ефектите од антибиотиците кај ЦФ се секогаш корисни.

Микроорганизмите кои ги инфицираат белите дробови секогаш се обидуваат да ги отфрлат старите антибиотици и се откриваат нови антибиотици за борба со нив. Од таа причина "обичните" антибиотици кои се во честа употреба не се најдобри кај ЦФ.

ВАКЦИНИРАЊЕ

Вакцинирањето ќе го заштити вашето дете од многу опасни болести. Вашето дете мора да биде вакцинирано против морбили (мали сипаници), бидејќи оваа болест е особено лоша за белите дробови на дете со ЦФ.

ХРАНА И ЕНЗИМИ

Ензимите (панкреасна замена) се многу важни да му помогнат на детето да ја вари храната.

ЕНЗИМИ

Панкреасните ензими ќе му помогнат на вашето дете да ја вари храната, да добива во тежина и да расте нормално.
Вашиот лекар ќе ви објасни како вашето дете мора да ги зема ензимите но овде се дадени некои правила:

  • Ензимите мора да се земаат пред и ако лекарот советува во текот на јадењето
  • Ензимите не се земаат по оброкот
  • Ензимите не се џвакаат. Ако е потребно отворете ја капсулата и дајте му на вашето дете да ги проголта гранулите
  • Морате да го охрабрите да научи како да ја проголта целата капсула од ензимот уште од најрана возраст. Со тоа може да започне кога е 4 или 5 години старо.
  • Голтањето може да се научи како игра во која вашето дете е охрабрено да голтна зрно ориз (или) грашок со неговиот омилен пијалок.
  • Тогаш може да одите напред со големина на зрно грав. Не го правете голтањето голем настан или детето да мисли дека тоа е многу тешка работа.
  • Детето мора да биде пофалено кога капсулата ќе ја проголта за прв пат. Ако голта природно нема да се задуши од капсулата.
  • Запаметете: ако вие сте несигурни или исплашени од тоа и вашето дете ќе чувствува иста несигурност и страв.
  • Никогаш не му давајте на вашето дете храна, со исклучок на овошје, овошен сок и вода пред да добие ензими.
  • Ако заборавите да му дадете ензими со оброкот или ужината тие нема да бидат дигестирани (сварени) и искористени во детскиот организам.

ЗАПАМЕТЕТЕ

  • Секогаш храбрете го вашето дете да ги зема ензимите правилно пред јадење
  • На училиште, вашето дете ќе ги има ензимите со себе зборувајте со наставникот за состојбата на детето и за тоа дека има потреба од капсула пред јадење

ХРАНА

Добрата исхрана е многу важна за одржување на вашето дете во добра состојба

Кој вид на храна мора да го добива вашето дете?

Нема посебна храна за децата со ЦФ. Вашето дете треба да добива нормална изедначена (балансирана) диета.

Таа треба да содржи :

  • Храна со многу протеини и масти како: млеко, говедско месо, пилешко, риба, јајца, сирење,
  • Храна со многу калории како што се компири, тиква, тесто, ориз, грав, леб, млеко. Секој вид на млеко е добар. Истото треба да биде превриено или пастеризирано.
  • Ниедна храна не е забранета и вашето дете може да јаде сè, вклучително путер и сува храна. Храната ќе му помогне да ја зајакне телесната одбрана против инфекции.
  • Оброкот треба да се дава во одредено време почнувајќи со ензими. Вашето дете треба да има ист број на оброци со нормално дете, но калориската вредност на секој оброк потребно е да биде поголема, да создаде сила за борба против инфекции.
  • Хранливите ужини помеѓу оброците се исто така важни иако премногу ужини земени редовно во текот на денот може да ве обесхрабрат. Две или три високо калорични ужини во текот на денот се доволни. Треба да се избегнуваат слатки помеѓу или во текот на оброците.
  • Како што детето расте ќе биде потребно да разбере дека доброто хранење е дел од третманот. Подобро е да не му ветувате подарок, ако го изеде оброкот, пофалете го кога ќе го заврши оброкот, тоа е покорисно.
  • Децата со ЦФ губат повеќе сол од другите, особено кога се потат многу. Тоа се случува во лето или по многу вежби. Вашето дете ќе има потреба да пие обилно течности и вашиот лекар може да ви препиши солени таблети. Вештачките ароматизирани напитоци не се препорачливи, бидејќи создаваат чувство на исполнетост и го заземаат местото на многу поважни хранливи материи.
  • За добар хранителен менаџмент морате да ги следите многу внимателно советите на вашиот лекар или нутриционист.

ТРЕТМАНОТ НА ЦФ НЕ Е ЛЕСЕН, НО СИТЕ РОДИТЕЛИ УЧАТ КАКО ДА СЕ ГРИЖАТ ЗА НИВНИТЕ ДЕЦА

Можеби ќе биде тешко на почетокот на третманот, тој станува рутина како што учите и го практицирате.
Третманот ќе биде потребен во остатокот од животот на вашето дете.
Понекогаш родителите се сомневаат во третманот и сакаат да знаат дали може да најдат лек некаде. Многу центри во развиените земји работат многу напорно за да го пронајдат лекот, но тој се уште не е најден. Постои добра можност дека во иднина генетската терапија или друг нов третман можеби ќе помогне.

Некои родители не веруваат во дијагнозата за ЦФ и го напуштаат препишаниот третман. Нема магична алтернатива и прекинувањето на лекувањето и напуштањето на центарот за ЦФ само ќе го скратат животот на пациентот. Како бојата на очите, ЦФ е нешто со што личноста е родена и ништо не може тоа да го промени. Тоа е во "гените".
Треба да запаметите дека ако вашето дете е добро сега тоа е заради лекувањето и добиената грижа. Физиотерапијата и ензимите не смее да бидат прекинати никогаш иако детето изгледа многу добро.
Потребно е да го посетувате лекарот многу почесто, ако вашето дете изгледа слабо или болно, особено ако надворешниот изглед станува полош.

Проверете со докторот дека:

  • Третманот е следен исправно
  • Ензимите и антибиотиците се земаат во доволни количини
  • Физиотерапијата се изведува исправно

Ако третманот е исправен вашето дете е потребно да биде проверено дали има нова инфекција на белите дробови или да се побараат други причини. За дополнителниот третман можеби ќе има потреба од останување во болница за интравенозна антибиотска терапија.

Ако вашето дете е премногу слабо да прави физиотерапија или да зема ензими треба итно да биде задржано во болница.

07 Октомври 2010 Објавено во За Цистична Фиброза Прочитано 5453 пати

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил