www.cf.mk

Да се има дете со цф и да се прифати

Да се има дете со ЦФ е ничија грешка. Тоа е болно и тешко, но никој не е виновен.
Никој од вас, вашето дете или семејството не треба да чувствува некаква вина или срам од тој факт. Често, чувството на бес и пораз го отежнува животот. Секој има некој абнормален ген, родителите со ЦФ биле само несреќни, бидејќи се случило обајцата да се носители на ЦФ генот.

 

 

Кога дијагнозата за ЦФ е поставена  многу е важно да прифатите дека вашето дете има цистична фиброза. Ништо на светот не може да го промени тој факт. Што побргу вие и вашето дете научите да живеете со ЦФ, толку побргу ќе научите да се борите, помалку време ќе се загуби за започнување на ефективното лекување.

Бидејќи ЦФ беше неодамна откриена многу луѓе вклучително и некои лекари само малку занаат  за неа.

Многу малку беше познато за ЦФ кога беше откриена во 1930год. И тогаш имаше многу малку лекови на располагање за нејзиното лекување. Сега многу повеќе знаеме за ЦФ и постојат многу лекови, посебно ензими и антибиотици кои го прават животот на пациентот подолг и понормален.

Во некои случаи родителите се осудуваат дека нивното дете е болно,  но се немоќни да откријат зошто. Детето може да помине многу тестови и да посети многу лекари пред да биде дијагностицирана ЦФ. Ако вие сте меѓу тие родители, вие поминавте низ долг и тежок период, барајќи ја причината за проблемот на вашето дете. Тоа е природно, само, ако тоа трагање ве прави загрижени и недоверливи кон лекарите и сестрите и другите здравствени работници, важно е да запаметите дека ЦФ не секогаш лесно се дијагностицира.

 

Кога родителите за прв пат ќе дознаат дека нивното дете има ЦФ, тие знаат многу малку за болеста. Ако лекарите им објаснат дека болеста е хронична и дека нема лек тие се потресени и понекогаш бесни. Потребно е долго време да се прифати вистината.

Прво вие  можеби не му верувате на лекарот и си мислите во себеси:
- Може ли  тоа да е вистина?
- Може ли моето дете да ја има таа болест?
- Постои ли можност тој/таа да има нешто друго што лекарот  погрешно го дијагностицира како ЦФ и тоа може да се лекува?

Тие мисли нормално им доаѓаат на ум на родителите кога дијагнозата е позната или покасно. Сомнежите се човечки но следното е многу  важно:

Ако вашето дете има некои или сите карактеристики, има позитивен потен тест и вашиот лекар ве уверува дека тоа е ЦФ, важно е да го прифатите тој факт.

Извесен степен на сомневање е нормален, но не смеете да допуштите вашето  сомневање да ве спречи да се соочите со вистината. Денес е можно да се утврди дијагнозата со генетска анализа. Вие може да потрошите многу време, пари и енергија барајќи друга дијагноза. Тоа ќе предизвика одложување, би било подобро вашето дете да започне со програмата за лекување што е можно побрзо.

Кога дијагнозата е поставена, што побргу да започне лекувањето тоа е подобро.

07 Октомври 2010 Објавено во За Цистична Фиброза Прочитано 6116 пати

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил