www.cf.mk

Како се наследува цистична фиброза од родителите?

Секоја единка го наследува својот изглед од своите родители и нивните родители. Нешта како очи или боја на коса, висина и многу други физички карактеристики што го прават секој од нас она што е.

Исто така може да се наследи болест, а тоа е случај со цистичната фиброза. Детето ќе има ЦФ ако наследи две копии на дефектниот ЦФ ген и тоа по една копија од секој родител.Начинот на наследување е наречен автосомно рецесивен.
Родителите на детето со ЦФ се нормални и здрави лица, иако секој од нив носи по еден нормален и еден ЦФ ген.Поради тоа можно е двајцата да го пренесат ЦФ генот на нивните деца.
- Двајцата родители мора да се носители на една копија од ген за ЦФ за некое од нивните деца да има ЦФ 
- Детето ќе има цистична фиброза кога ќе наследи два ЦФ гени, по еден од секој родител
- Детето нема да има ЦФ ако наследи еден ЦФ ген од едниот родител и еден нормален ген од другиот родител. Во тој случај тоа ќе биде "носител" на ЦФ како и неговите родители.
Во еврпоската популација околу 1 на 25 индивидуи се носители на ЦФ.Резултат на тоа е појавата на ЦФ околу 1 на 2.500,00 новородени. Точната фреквенција варира помеѓу различни популации во Европа.
Во семајството каде што мајката и таткото се носители на ген за ЦФ ризикот да биде родено дете со ЦФ е едне на четири.Тоа се нарекува "случаен ризик".
• Иако во семејството веќе има едно или повеќе деца со ЦФ ризикот да се има друго дете со ЦФ е ист. Кога двајцата родители се носители на ЦФ ген ризикот нивните деца да наследат ЦФ е слично на игра со рулет или коцки, со можност истиот број да се сврти повторно и повторно.
Исто така  може да се случи спротивното. Двајца родители кои се носители може да имаат многу деца и можност ниедно од децата да нема ЦФ.

07 Октомври 2010 Објавено во За Цистична Фиброза Прочитано 5010 пати

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил