www.cf.mk

Кога да се сомневаме на цистична фиброза?

Првите знаци за цистична фиброза може да се појават било кога, но вообичаено се забележуваат во првите две години од животот на детето.
Вие можете да се сомневате на ЦФ заради следните симптоми:

 

• Често кашлање, продукција на густ секрет
• Чести пневмонии – како болест
• Заостанување во растот или губиток на тежина, наспроти нормален 
(или дури голем) апетит
• Проблеми со цревата
• Блокирани црева (зачепени) кај новороденчиња
Друга карактеристика кај децата со ЦФ е тоа што нивната пот е многу солена. Потта на сите нас е солена, но кај децата со ЦФ потта е многу солена.Тоа најчесто е прво забележано од родителите кога ќе го бакнат своето дете или ќе забележат солени кристали на кожата.Тестот кој се користи и помага во поставувањето на дијагнозата е наречен потен тест и тој го открива екцесивното присуство на сол во потта.

07 Октомври 2010 Објавено во За Цистична Фиброза Прочитано 4899 пати

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил