www.cf.mk

Што се случува во панкреасот?

Панкреасот е многу важен орган за варењето на храната. Во него се создаваат многу супстанции наречени ензими кои помагаат да се разгради храната што ја консумираме.Кога храната е разградена, цревата можат да ги апсорбираат храливите материи.Кај пациенти со ЦФ, панкреасот е блокиран од густиот панкреасен сок.Како резултат на тоа дигестивните ензими не можат да дојдат во допир со внесената храна и таа останува неразгра дена.Неразградената храна не може да биде искористена во организмот и се пропушта надвор со столицата.

Оттука, панкреасот помагајќи ја разградбата на храната го помага растењето и го чува здравјето.Кај ЦФ панкреасот е спречен да ја извршува правилно својата функција.
Кога децата со ЦФ кои не се лекуваат правилно, нивните столици се обилни и имаат непријатен мирис од неразградената храна. Столицата содржи масни капки, плива во вода и тешко се отстранува од пелената. Бојата е често посветла од нормалната столица. Децата со ЦФ може да имаат течни или цврсти столици, натечен стомак и болка.Тоа е предизвикано од големата содржина на недигестирана храна присутна во цревата. Исто така цревата може да се блокираат ако констипацијата е изразена.

07 Октомври 2010 Објавено во За Цистична Фиброза Прочитано 4833 пати

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил