www.cf.mk

Што е цистична фиброза?

Sample image

Цистичната фиброза е ретка болест, која кај европската популација афектира околу едно на 2500 новородени деца. Тоа значи дека на 10.000 деца родени секоја година четири ќе имаат цистична фиброза.
Цистичната фиброза (ЦФ) е генатска болест која ги афектира и машкиот и женскиот пол. Децата се раѓаат со ЦФ и тоа не се менува во текот на животот. Тоа значи дека цистичната фиброза не се добива како заразна болест или не поминува од едно на друго дете. Бидејќи детето е родено со ЦФ, таа е исто така позната како конгенитална или наследна болест.

Цистичната фиброза е присутна кај деца кои ги наследиле двата цистично фиброзни гени, по еден од секој родител. Индивидуи кои носат само една копија на генот на ЦФ се наречени ЦФ носители и тие се потполно здрави.
Дете со цистична фиброза се раѓа само кога двајцата родители се носители на ЦФ генот. Постои широка варијација во симптомите и тежината на болеста помеѓу различни ЦФ пациенти. Цистичната фиброза афектира многу органи во организмот, но причинува големи проблеми во белите дробови, цревата, црниот дроб и панкреасот. Некои деца имаат повеќе проблем со белите дробови а некои имаат повеќе тешкотии со цревата. Секој пациент е афектиран различно.
Меѓутоа ЦФ не се одразува на интелигенцијата на децата. За сега не постои лек за ЦФ. Третманот е симптоматски и континуиран во текот на целиот живот.

12 Август 2010 Објавено во За Цистична Фиброза Прочитано 5178 пати
Во оваа категорија: Роднини и пријатели »

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил