www.cf.mk

За Цистична Фиброза

ШСекретот (спутумот) создаден во белите дробови на здрав човек е воденикав во споредба со тој создаден во белите дробови на пациентот со ЦФ, кој е многу згуснат и леплив. Тој густ мукозен секрет кој ги обложува белите дробови предизвикува блокада (затворање) на дишните патишта. Ако мукозниот секрет остане во белите дробови ги затвора малите воздушни патишта и им овозможува на микроорганизмите ( бактерии итн.) да се размножуваат. Поради тоа е важно чистењето на воздушните патишта со примена на физикална терапија.

Панкреасот е многу важен орган за варењето на храната. Во него се создаваат многу супстанции наречени ензими кои помагаат да се разгради храната што ја консумираме.Кога храната е разградена, цревата можат да ги апсорбираат храливите материи.Кај пациенти со ЦФ, панкреасот е блокиран од густиот панкреасен сок.Како резултат на тоа дигестивните ензими не можат да дојдат во допир со внесената храна и таа останува неразгра дена.Неразградената храна не може да биде искористена во организмот и се пропушта надвор со столицата.

Страница 3 од 3

Помогнаа во реализација на идеата

Element PR & Corporate CommunicationsKOMA - Design & Print LabEam КонфекцијаЛаминати-Производство на композитни матерјалиТритекс ПрилепМарте Еко Цвет

Социјален Профил